Пациентите што го победиле коронавирусот се борат со последиците дури и по шест месеци

Нашата анализа укажува дека повеќето пациенти и по напуштањето на болницата продолжуваат да живеат со последици од коронавирусот. Анализата укажува на потреба за подолготрајна нега на пациентите дури и по излегувањето од болницата, особено на оние што преживеале потешка форма на инфекција. Важно е да се спроведат дополнителни студии на пошироката популација, што ќе ни овозможи да го разбереме целиот спектар на ефекти што ги остава ковид-19 врз луѓето, велат истражувачите.

1,378

 

Медицинското списание „Лансет“ објави истражување спроведено на повеќе од 1.700 пациенти со ковид-19 во Вухан според кое дури 76 отсо од оние кои биле пуштени од болница страдале од најмалку еден симптом на болеста дури и по шест месеци.

– Долгорочните здравствени последици од ковид-19 остануваат во голема мера нејасни. Целта на оваа студија беше да ги опише долгорочните здравствени последици на пациентите со ковид-19 кои се отпуштени од болница и да ги испитаат поврзаните фактори на ризик, особено сериозноста на болеста – велат авторите на кинеската студија.

Пациенти опфатени со истражувањето биле отпуштени од вуханската болница „Џинјинтан“ во периодот помеѓу јануари и мај минатата година. 76 проценти, или повеќе од три четвртини од пациентите кои биле следени, рекле дека чувствуваат одредени симптоми – замор или слабост на мускулите, а овие симптоми и шест месеци по дијагнозата биле пријавени од 63 проценти од учесниците во студијата, а 26 проценти од нив имале проблеми со спиењето.

Истражувањето покажало дека болеста може да има и долгорочни психолошки компликации. Анксиозност или депресија биле забележани кај 23 проценти од пациентите. Било забележано и дека пациентите се жалат и на губење на косата, на мирисот, апетитот или вкусот, болки во зглобовите, брзо чукање на срцето, вртоглавица и повраќање.

 

Лекарите велат дека кај пациенти што преживеале потешка форма на болеста рендгенските снимки покажуваат оштетување на белите дробови.

Нашата анализа укажува дека повеќето пациенти и по напуштањето на болницата продолжуваат да живеат со последици од коронавирусот. Анализата укажува на потреба за подолготрајна нега на пациентите дури и по излегувањето од болницата, особено на оние што преживеале потешка форма на инфекција. Важно е да се спроведат дополнителни студии на пошироката популација, што ќе ни овозможи да го разбереме целиот спектар на ефекти што ги остава ковид-19 врз луѓето – велат истражувачите.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести ги наведува уморот, отежнатото дишење, кашлицата, болката во зглобовите и болката во градите како најчесто пријавени долгорочни симптоми. Други долгорочни последици се тешкотии во размислувањето и концентрацијата – познато како „мозочна магла“ и главоболки и депресија, кои се забележани кај многу пациенти.






Поврзани содржини