Пациентите кои се лекуваат со комбинацијата хидроксихлороквин – азитромицин се стабилни, потврди Филипче

Бугарија започнува со производството на лековите хидроксихлороквин и хлороквин, првите 5.000 пакувања се очекуваат ококлу Велигден.

3,105

Министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција (7 април) потврди дека пациентите што се лекуваат со комбинацијата на антималаричниот лек хлороквин и антибиотикот азитромицин („сумамед“) имаат „континуирано стабилна клиничка слика“.

Министерот не прецизираше од чиј производител се користи хлороквинот или хидроксихлороквинот и колку пациенти се лекуваат со оваа комбинација. На претходните прес-конференции Филипче нагласи дека не се лекуваат сите пациенти со оваа терапија, туку само дел од нив.






Неколку студии покажуваат дека оваа комбинација дава добри резултти при лечеењето на пневмонијата предизвикана од Ковид-19, но исто така се нагласува дека има и нуспојави, поради кои се бара особена внимателност кај срцеви болни со аритмија и тахикардија.

Бугарски медиуми денеска јавија дека Бугарија започнува со производството на лековите хлороквин и хидроксихлороквин. Технологијата веќе е усвоена, а активните ссостојки веќе се порачани. Околу Велигден требва да има произведени 5.000 пакувања хидроксихлороквин, потврдил производителот „Чајкафарма“ за „24 часа“

Бугарија има потпишано договори за набавка на хлороквин и хидроксихлороквин од Кина, Тајван и од Индија, но нема гаранција дека ќе бидат запазени роковите за доставување на лекот. Бугарската агенција за регистрирање на лекови најави дека за околу еден месец ќе даде одобрение за двата нови бугарски лека, по што тие ќе се најдат и во слободна продажба во аптеките, но само со рецепт.

Плусинфо уште на 22 март објави вест дека француски и белгиски истражувачи откриваат дека хидроксихлороин (hydroxychloroquine) и азитромицин (кај нас широко познат како „сумамед“) би можела да биде добитната комбинација во лекувањето на последиците од коронавирусот.

Поврзани содржини