ПАЦИЕНТИТЕ ДОЦНА ДОАЃААТ ВО БОЛНИЦА Голем број од починатите се со рак или дијабетес

Поголемиот процент кај починатите од коронавирусот се регистрира кај лицата над 60 години, и кај нив 73 отсто се лица со хронични болести.

821

Како причина за големиот број на смртни случаи, министерот Филиче вели дека тоа е што пациентите долго време се лекуваат надвор од болница и доаѓаат доцна со лоши параметри. Според него голем дел од починатите биле со карцином, нерегулиран дијабетес, срцеви заболувања, имале повеќе хируршки интервенции, а повеќето од нив се невакцинирани.

– Може да се поврзе што младите имаат повеќе контакти, а делта сојот е попренослив. За починатите случаи, како што знаете еден пациент од Ресен на 24 години беше отпишан од болница на свое барање, а тоа беше кобно за него. Многу од починатите се невакцинирани лица, мал е бројот на починати, а вакцинирани лица – рече министерот.






Поголемиот процент кај починатите од коронавирусот се регистрира кај лицата над 60 години, и кај нив 73 отсто се лица со хронични болести. Тој додаде дека од оваа болест беа забележени починати помлади лица и претходно, затоа што се забележува една страншна клиничка слика со страшни оштетувања на белите дробови.

За честите реакции во јавноста за начинот на лекување на матичните лекари и протоколите , Филипче кажа дека матичните лекари работат согласно своето знаење и експертиза, како и проценката, како и дали треба да се упатат на болничко лекување.

– Болничко лекување му е достапно на секој пациент и во било кој временски период. Секоја болница има соодветен протокол и е во зависност од тежината на клиничката слика, никаде во светот нема унифициран пристап. Кај нас во секој ковид-центарите има пулмолог или инфектолог кои работат по препораки – изјави министерот Филипче.

Поврзани содржини