ПАЦИЕНТИ СО КОРОНА ОРГАНИЗИРАЛЕ ОРГИИ И КОЦКАЊЕ Полицијата изврши упад во ковид болница во Тајланд (ВИДЕО)
Исплашените медицински сестри во болницата ја повикале полицијата откако сфатиле дека ситуацијата излегува од контрола.
Полицијата во Тајланд извршила упад во ковид болница југозападно од Бангког поради пријава за пациенти болни од корона кои извршувале оргии, се коцкале и се тепале под дејство на наркотици.
Исплашените медицински сестри во болницата ја повикале полицијата откако сфатиле дека ситуацијата излегува од контрола.
Уште поинтересно е тоа што сето тоа се случувало во отворена болница со 1.000 кревети во Самут Пракан на периферијата на Бангког, а по упадот, полицијата запленила 23 штеки со цигари, електронски цигари кои се забранети во земјата, но дрога не била пронајдена.
Властите ги предупредиле пациентите за кои се верувале дека се занимавале со недозволени активности дека ќе бидат префрлени во друг објект доколку нешто слично се повтори.
– Поставивме бројни полицајци во болницата да извршуваат редовна контрола и да ги набљудуваат пациентите. Исто така ги замолуваме пациентите да ги почитуваат правилата на болницата. Медицинските сестри и доктори кои се грижат за нив напорно работат – рекол начелникот на провинцијата Пракан.
Се наведува дека пациентите шверцувале илегална дрога преку луѓе надвор од болницата.
Покрај илегалните супстанции, пријавено е дека пациентите организирале коцкање во монтажната болница кое резултирало со тепачка. Некои од машките пациенти биле лекувани од повредите здобиени од тепачката, но никој не бил сериозно повреден.