Пациенти се лекуваат на паркинг, луѓе умираат додека чекаат тест, шокантни стории од Неапол

Министерот за надворешни работи на Италија кој е од таа област вели дека „ситуацијата во Неапол и во многу делови на Кампанија е надвор од контрола. (Италијанската) влада мора да интервенира, нема повеќе време”,

1,936

Корона-кризата во Неапол е „надвор од контрола“. Објавени се алармантни извештаи за состојбата во болниците, пациенти лекувани во нивни автомобили на паркинг, а едно видео особено ја шокираше јавноста, пренесува Хина.

Изјава на министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо следеше откако на социјалните мрежи се прошири видео од човек, кој беше пронајден мртов во тоалетот на болницата. Медиумите наведуваат дека мажот веројатно бил суспектен и оти чекал да се тестира кога починал.






Тој рече дека тоа е „само уште еден од последните шокантни инциденти за кои слушнал во последните денови“ што се случи во регионот Кампанија, од каде и тој потекнува.

„Ситуацијата во Неапол и во многу делови на Кампанија е надвор од контрола. (Италијанската) влада мора да интервенира, нема повеќе време”, оцени Ди Мајо во објава на Фејсбук.

Фоторепортерите од Неапол испраќаат фотографии на кои се гледа како граѓаните чекаат тестирање или прием во болницата во долги колони автомобили, агенциите наведуваат дека на многу луѓе им бил даван кислород во нивниот автомобил, бидејќи не можат сите да ги примат, па честопати треба да им се даде инфузија на паркингот.

Гувернерот на Кампанија Винченцо де Лука, ги нарече ваквите сцени „срамни за сите одговорни“. Кампанија помина многу подобро од северна Италија за време на првиот бран пролетоска, во кој починаа десетици илјадници луѓе. Но, сега тоа се менува. Агенциите наведуваат дека регионот влегол во 2020 година со 146 кревети за интензивна нега, за да има само дополнителни осум кревети на крајот на октомври или 156, и покрај пандемијата.

Маурицио Капиело, лекар во Итната служба во болницата Кардарели во Неапол, рече дека вирусот се шири експоненцијално:

„Ја преминавме критичната линија на тревога. Единствениот начин да се преземе контролата во Кампанија е тоталното „затворање“.

 

Поврзани содржини