Пациент со ковид-19 се фрлил од прозорец во ГОБ „8 Септември“ и починал
Од болницата објаснија дека денеска пациентот А.Ц.(1950) година хоспитализиран во интензивна нега во ЈЗУ ГОБ „8 ми Септември“ – Скопје, во тешка состојба, и под психијатриска контрола и обсервација, и покрај сите преземени мерки, во утринските часови, скокнал од прозорец од прв спрат.
Пациент во Ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ утрово си го одзел животот скокајќи од првиот кат на болницата. Хоспитализиран бил пред пет дена.
Од МВР за МИА потврдија дека маж роден 1950 година утрово си го одзел животот откако се фрлил од ковид одделот во болницата „8 Септември“ во Скопје. Пациентот бил хоспитализиран на 5 февруари 2021 година.
Од болницата објаснија дека денеска пациентот А.Ц.(1950) година хоспитализиран во интензивна нега во ЈЗУ ГОБ „8 ми Септември“ – Скопје, во тешка состојба, и под психијатриска контрола и обсервација, и покрај сите преземени мерки, во утринските часови, скокнал од прозорец од прв спрат.
И покрај преземените реанимациони постапки од страна на дежурната екипа, во 7.30 часот е констатирана смрт. Известени се сите надлежни институции, Министерство за здравство, МВР, Јавен обвинител, ДСЗИ. Направен е увид на лице место, телото е предадено на обдукција, а ДСЗИ врши вонреден инспекциски надзор.