Здравствениот работник Г.Г.(56) од Скопје вчера пријавил во полиција дека физички бил нападнат од пациентот Г.С.(38) од Скопје.
Како што соопшти денеска МВР, според пријавата на Г.Г., нападот се случил вчера околу 9.15 часот во комплексот клиники „Мајка Тереза“, на одделот токсикологија, додека извршувал работни задачи.
Случајот е пријавен во Полициската станица Центар. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.