ПАЦИЕНТ НАПАДНАЛ ДРУГ ПАЦИЕНТ И БОЛНИЧАР По инцидентот скокнал од втор кат
Пациентот кој скокнал од прозорецот се здобил со тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Останатите двајца кои тој ги нападнал се здобиле со телесни повреди.
Пациент нападнал друг пациент и болничар на Клиниката за неврохирургија, па скокнал од вториот кат, објави порталот Курир повикувајќи се на извори од Министерството за внатрешни работи.
Настанот бил пријавен во полиција синоќа околу 21 часот.
– Пријавено е дека Б.З. (62) од Свети Николе кој бил пациент во болницата со тврди предмети кои ги нашол во собата фрлал кон пациентот С.В. (66) од селото Колари, Кичевско. Потоа болничарот Н.Б. (23) влегол во собата со цел да ја смири ситуацијата, но Б.З. и кон него почнал да фрла со предмети по што го отворил прозорецот и скокнал од вториот кат – рекле од МВР за Курир.
Пациентот се здобил со тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Останатите двајца се здобиле со телесни повреди. Полицијата работи на расчитување на случајот.