Пациент нападнал докторка на Трауматологија
Од страна на МВР се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Докторка на Клиника била нападната од пациент додека таа била на своето работно место.
„На 29.07.2020 во 12.20 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(33) од село Брњарци, скопско, пријавила дека околу 09.00 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека била на своето работно место, била нападната од Д.Б.А., пациент на Клиниката за трауматологија“ соопштуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.