ПАЦИЕНТ ДВАПАТИ СЕ ОБИДЕЛ ДА ПРЕГАЗИ ВРАБОТЕНА Драма во клиничкиот центар во Скопје
Инцидентот се случил кај Институтот за трансфузиона медицина, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Пациент се обидел да прегази вработена во кругот на клиничкиот центар во Скопје, при што случајот бил пријавен во полиција и во тек е расчистување на околностите.
Според информациите, инцидентот се случил во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, во близина на Институт за трансфузиона медицина. Вработена во установата пријавила дека пациент, кој претходно се лекувал таму, во два наврати се обидел да ја прегази со автомобил.
Настанот бил пријавен во СВР Скопје, по што полицијата започнала со преземање мерки за утврдување на сите детали.
Од полицијата информираат дека се работи на целосно расчистување на настанот.