ПАЦИЕНТИТЕ ОДАТ ВО КОСОВО ПО ОБИЧНИ ЛЕКОВИ До каде се ветувањата за современи лекови?
Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, реагира на најавената ревизија на позитивна листа и формираната комисија за позитивна листа.
Недозволиво е пациентите да се лекуваат со лекови на позитивната листа кои се од 1995 година. Не може да се дозволи за дијабетичарите да нема ленти, да нема квалитетни лекови и 7 месеци да се оставени на милост и немилост, истакна Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на најавената ревизија на позитивна листа и формираната комисија за позитивна листа.
– Не можеме да дозволиме за болните од цистична фиброза да го нема веќе неколку месеци и лекот Креон, веќе познатата Трикафта исто ја нема за сите болни, со што директно се крши начелото на еднаквост.
Дојдоа на власт со ветување дека ќе донесат модерни и современи лекови, а денеска пациентите купуваат обични лекови во Косово и Србија. Затоа потребно е итно рестартирање на здравствениот систем и оваа Влада да замине час поскоро – рече Николовски.