📽 ПА ВИДЕТЕ, ТОЈ Е ДИКТАТОР Бајден „се истрча“ по средбата со Си, Блинкен се скисели

Па видете сега, тој е диктатор. Диктатор во смисла дека е човек кој управува со земја која е комунистичка земја и којашто се заснова на форма на владеење целосно различна од нашата, рече Бајден по четиричасовната средба со кинескиот претседател.

601

Американскиот претседател Џо Бајден го употреби зборот „диктатор“ да го опише владеењето на колегата Си Џинпинг катко откако имаше четиричасовни разговори со него и откако се договорија дека ќе ја продолжат воената комуникација, пишува Ројтерс. Во видео од изјавата на Бајден може да се види реакцијата на државниот секретар Антони Блинкен.

– Па видете сега, тој е диктатор. Диктатор во смисла дека е човек кој управува со земја која е комунистичка земја и којашто се заснова на форма на владеење целосно различна од нашата – рече Бајден.






Како одговор, кинеското Министерство за надворешни работи рече дека „остро се противи“ на забелешките, без да го спомене Бајден по име.

 

– Оваа изјава е крајно погрешна и неодговорна политичка манипулација – изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Мао Нинг за новинарите во четвртокот на рутински брифинг.

Тој додаде:

– Треба да се истакне дека секогаш ќе има некои луѓе со задни намери кои ќе се обидат да ги поттикнат и оштетат односите меѓу САД и Кина, тие се осудени на неуспех.

Мао одби да го прецизира идентитетот на „некои луѓе“ како одговор на следното прашање.

Не му е првпат на Бајден да го нарече Џинпинг диктатор. Во јуни тој упати слична забелешка, а Кина одговори дека коментарот е апсурден и дека претставува провокација.

Поврзани содржини