„Наместо апанажа, на екс-пратениците ќе им се понуди работно место во јавна администрација“.
Чекајте бе, клошари. Нели пред секои избори се фалите дека кандидирате успешни и докажани личности што ќе ја однесат земјава напред. Ова се тие?! Овие неспособниве да си најдат работа после цел мандат крвничко цицање на буџетот? Шо не си ги земе Заев во „Мамас“ да му лупат пиперки?
***
Пратениците од Левица се откажуваат од патните трошоци. Популизам! Праат само филмови!
Заев и Николовски потпишуваат дека ќе се откажат од патните трошоци, иако нема да бидат пратеници. Браво! Така треба! Гестот е важен! Камо да имавме повеќе луѓе како нив!
И викате неопределени сте, а?
***
Уште 1400 преноси во живо и Охрид ќе биде град без дивоградби.
***
Тој шо му ја сликал сликата на Оливер Спасовски да му го вратит пајакот на глава!
***
„Со помош на лавот Чака фатени четворица кои синоќа провалиле во Зоолошката градина“.
Значи сѐ на сѐ, лавот има фатено четворица криминалци повеќе од Оливер Спасовски.
***
Наместо „пушењето ти го скратува животот“, во Македонија на цигарите требит да пишит „пушењето ти ги скратува маките“.
***
Колку за инфо, не е точно дека имат тигрести комарци. То се обични комарци, во тигрести хеланки. Мислите само вие пратите трендови?!
(Избор постови на познатиот охридски мрчатор Иљче Затаракоски)