Станвам, пак немат снег.
Види го ти Шиле, два пати во еден ден го исчисти.
***
Град Скопје: Планот за чистење на снегот на градоначалникот Шилегов е толку добро спроведен што сите снегулки се фатени во лет, пред да паднат на земја.
***
Кога ја браниш слободата на говор само за тие со чии ставови се согласуваш, не ја браниш слободата на говор.
***
Занимавајќи се со Америка, го пропуштивме неверојатното модернизирање на македонската војска – нови беретки.
Сега комотно мојме да ги пуштиме да се шетет низ Париз без да се срамиме.
***
Дечки, не можит дедото од сите прв да палел оган за Бадник/Василица и да им пркосел на комунистите, а сите други да се криеле.
Пошо ко прво и ние шо немаме пионери на огнот во фамилија имаме постари шо ни кажале како било, а како второ, многу лажите бе!
***
Требаше едни избори да спукаме за празнициве, па ќе видевте дали ќе беа проблем бадникарските/василичарските огнови.
Не шо не ќе беа, туку Заев ќе играше оро околу огнот со верните гласачи, а Оли ќе целуваше попови од Табановце до Меџитлија.
***
Кога некој вика: „Не знаеш кој сум јас!“ обично одговорот е: „Дебил!“
***
Дебил: Знаеш ти кој сум јас?
МВР: Да.
***
Владиката Петар: „Бог е лекарот над сите лекари.“
Штета не е конструктор над сите конструктори, па мораат поповите во Ауди, Мерцедес и БМВ да се возат.
(од афоризницата на Иљче Затаракоски, познат охридски мрчатор)