Кога полтрони ве убедуваат дека е нормално да се уништи езерото Треска пошо никој не одел таму, потсетете ги дека никој не го тераше Шилегов да ветува дека ќе му го врати стариот сјај.
Сепак им е тешко да останат во тек со ветувањата на оние во чиј шупак живеат.
***
Шилегов се откажал од зиплајнот з’ш не бил безбеден за граѓаните.
Веројатно зато се откажа и од Треска, пошо мојт да се удајт некој.
***
Овие шо бранет уништување на Треска пошо никој не одел таму, ќе немаат проблем и Пехчево да се срамнит со земја.
З’ш и таму никој не ојт.
***
Дур стигнат тука вакцините ќе им поминит рокот.
***
Ѝ објаснувам на кравава дека Шахпаска не му дозволува на молзачот да ја молзе во недела, таа ми вика: Муууууу!
Значи, прав вол е!
***
„Од први февруари администрацијата се враќа на работа.“
Не. Не се враќа на работа. Се враќа на работното место. За да се вратиш на работа прво треба да работиш.
***
Попаметниот попушта, попушта, попушта… и се иселува од тука.
(Од афоризницата на Иљче Затаракоски)