Добро утро граѓани на земјата со најмногу национални координатори по глава на жител.
***
– Шо работиш ти во Влада?
– Ништо!
– Аааа…значи и ти си национален координатор.
***
Порано: На еден комита, тројца кодоши.
Денес: На еден комита, тројца координатори.
***
Самка Ибраимоски за национален координатор за афоризми, поговорки и народни мудрости!
***
На олку национални координатори, фали уште национален координатор за координирање на националните координатори.
***
– Шо имаш прв час?
– Error 404!
***
Не е точно дека децата ништо не научија од платформата до сега.
На пример, денес платформата им покажа како ќе им изгледа денот кога ќе треба да завршат некоја работа во јавна администрација.
***
„Владата најави викенд без ДДВ на 10, 11 и 12 октомври“.
Аматери! На Пластичарска секој ден е ден без ДДВ!
***
Заев казнет дека возел мотор без кацига.
Среќа не пишат казни за возење без мозок.
***
Заев казнет дека се возел без билет во ЈСП.
***
Русковска ја тужи ДПМНЕ затоа што претрпела душевна болка од предизборните спотови.
А ние шо моравме да ги гледаме секој ден, насекаде, кај да тужиме? Во Стразбур?
(Избор постови на познатиот охридски мрчатор Иљче Затаракоски)