Додека вие се спремате за подобра 2021, некој Кинез ја празни стапицата за лилјаци и ѝ ѕвони на жената да стави масло за пржење.
***
Лесно е да се извиниш.
Тешко е да изглумиш дека е искрено.
***
– Како се пишит правилно џоинт, со џ или ѓ?
– Не знам, немам пробано.
***
Заев: „Не сум сиромашен ама се залагам за правата на сиромашните.“
А која е алтернативата?! Сиромашните да немаат права?!
***
„Изградбата на затворениот базен во Охрид е до половина.“
Значит моментално Охрид имат отворен базен. Колку-толку.
***
Спасовски: „Груевски ќе го вратиме и ќе си ја одлежи казната.“
Заборај да спомнит дека во собата ќе имат само железна клупа напраена од оградата околу Влада, бројчаникот на триумфална ќе брои уште колку имат од казната, цимер ќе му е Сашо Мијалков, а Оли до тогаш ќе имат виткани локни, повиткани и од афро-фризурата на Бујар Османи.
***
Царовска: „Спојувањето на повеќе предмети во еден не значи дека тројца наставници ќе предаваат одеднаш.“
Одамна не сум прочитал попотценувачка изјава. Демек јас генијалката му цртам на плебсот како ќе изгледа реформираното образование. Носот кренат до Водно.
***
Теоријата на релативност докажана на македонски начин:
Кога ја гледаа од надвор како опозиција, „ружна“ беше Владата. Откако влегоа внатре и си ги сместија г’зињата во фотелја – се разубави.
***
Не е лесно да си партиски бот. Пример, до вчера си ги бранел ставовите на Заев за заедничка историја и млада нација, а денес треба да споделуваш дека Македонците постојат со векови.
Шизофренија на кило.
(Од афоризницата на Иљче Затаракоски, познат охридски мрчатор)