ПА(Р)ЛАМУДЕЊЕ Никој, па ни Тито, не може да измисли вакви лудаци!

Македонија цела да е... ќе имавме по 5.000 заразени во денот.

9,445

Недела е денот кога Сотир Костов и Ненад Јовановиќ можат да одморат од АНАЛизирање во „Само вистина”.

***






Џабе се трудат Бугарите да нè убедат дека Тито ги измислил Македонците.

Никој не може да измисли вакви лудаци.

***

Журки низ Скопје, од кафе баровите ечи „Жена од султана”.

Само весело! Денес жена, утре „Вдовица од султана”.

***

Ако губењето на вкус е меѓу првите симптоми за Ковид-19, тогаш сите што уживаат во “Жена од султана” треба да бидат хоспитализирани!

***

Трошиме на маски, ама штедиме на паста за заби.

***

Македонија цела да е… ќе имавме по 5.000 заразени во денот.

***

Заради Оли пола МПЦ ќе треба да се тестира.

Немат поп шо не го имат целувано.

(ФБ статуси на познатиот охридски мрчатор Иљче Затаракоски)

Поврзани содржини