Реално, да не беа Бугарите, ќе го немаше ни 11 Октомври.
Така да, фала им на празникот и на продолжениот викенд.
***
На 11 Октомври се купени првите пушки без ДДВ во Прилеп и во Куманово.
***
Како само им се кревало востание за продолжен викенд…
***
„Скопска фризерница добила 260 000 евра европски пари за едукација.“
Сигурно едуцираат како се стрижат овци.
***
То магарето, ако го истренирале ко шо требит, сто посто се имат иселено од тука.
***
A page you like „Октет Македонија“ changed its name to “Квартет Нашатаземја“.
***
„Влезете, не собувајте се, да не видат инспекторите дека сте тука.“
***
Во склад на новите мерки за четворица гости, лектирата „Снежана и седумте џуџиња“ ќе се преименува во „Снежана и трите џуџиња“.
***
А како МВР ќе контролира дека се четворица на гости?!
Ќе ги брои чевлите пред врата?! Шо ако некој е дојден бос?!
***
Треба да се направи една онлајн платформа за одење на гости.
(Фејсбук постови на познатиот охридски мрчатор Иљче Затаракоски)