ПА(Р)ЛАМУДЕЊЕ Make Macedonia грев again!

Немој да очајувате. Енормниот економски раст, владеењето на правото и реформите во сите сфери никој не може да ни ги земе.

1,462

„Студен туш од Бугарија.“

Поќе на „златен туш“ личит, пошо ни се помочаа на гла.






***

Брат Бојко has blocked you. Please try again later.

***

И јас имам еден комшија шо со месеци го блокират поправањето на лифтот.

Да го прашам да не е Бугарин?

***

Немој да очајувате.

Енормниот економски раст, владеењето на правото и реформите во сите сфери никој не може да ни ги земе.

***

Паразити вработени во администрација ве читаат кај шо се расправате дали треба или не недела да е работен ден и се чудат шо е то работен ден.

***

Како се вика сервисот преку кој можеш да нарачаш невеста онлајн, со достава до врата?

диЛИБЕри

***

Отворил заложна куќа, а нема хируршки инструменти за да ти го извади бубрегот.

Значи многу се нервирам ко ќе работат вака без план.

***

„500 илјади Македонци живеат со 130 денари дневно.“

Хаха…живеат. Преживуваат, не живеат.

 

(ФБ статуси на познатиот охридски мрчатор Иљче Затаракоски)

 

 

 

Поврзани содржини