ПА(Р)ЛАМУДЕЊЕ Лажни интелектуалци, купени од корумпирани политичари, му бараат маани на народот

2,464

Знајте што е полошо од корумпирани политичари?

Лажни интелектуалци купени од истите политичари, кои ќутењето за нивните глупости и криминали мораат да го покријат некако, па избираат да му бараат маани на народот, да генерализираат дека сите се неписмени и глупи…сѐ само да дефокусираат од глупоста на денот.






Какви тажни ликови.

***

Заев: „Ќе ја намалуваме администрацијата“

До сега три пати ја намалуваше, ако ја намалит уште еднаш, ќе останиме без административци.

***

Не мораше вие да ни кажете дека луѓе што заради политика се способни да навиваат ЗА пожарот си имаат проблеми, ама кога веќе сте толку свесни, спомнете нешто и за тие што дозволија да се гасне пожарот со возило врсник на Јованка Броз, па споредете колку потрошиле за службени возила последниве 3 години.

Ко шо праевме за Грујо де…

***

А бе, Заев нели после нова година 3 дена ќе седеше во пижами дома и ќе читаше книги?!

Или ја избои боенката, па ај со моторот на планина.

***

Најхистеричните бранители на проектот „Пријави“ не напишаа ни збор за панаѓурот во Штип после изборите.

Ама ги разбирам.

Тие што се подалеку од Штип сигурно биле зафатени со честитање до победниците, а на тие од Штип им било глупо да се пуштаат од орото за да пријават кршење на мерките. Иначе…

***

А ќе има втора епизода од прилепските телетабиси?

Может да одет на заболекар на пример…

 

(Од афоризницата на Иљче Затаракоски, познат охридски мрчатор)

 

Поврзани содржини