Мала криза и одма заборавате дека бевме 7-мо место на Евровизија, а 50-ка секој ден пичи низ ГТЦ.
Вака ли држава ќе прајме?
***
Колку е потребно од диктатор да станеш предмет на обожавање и восхит?
Само 4.680 вакцини.
***
Ги поканувам медиумите во 15 часот да ми се придружат на автобуската станица во Скопје за заедно да го проследиме примопредавањето на четирите тегли ајвар што ќе ми пристигнат од Охрид.
На церемонијата ќе говорат шоферот на автобусот, мојата маленкост и таксистот кој ќе го преземе транспортот.
Вратоврска задолжителна.
Ви благодарам.
***
Заев: „Само да помине кинеска нова година и ќе ни ги пратат вакцините.“
Значи, кинеска нова година, кинески божиќ, кинеска стара нова година, па кинески водици и оп, ете ги вакцините.
***
Дечки, мислам дека е редно да ѝ дајме некој рок на Кина, па ако не стигнат вакцините до тогаш го признаваме Тајван пак.
Кој е за?
***
Партиски загар: Преку глава ми е да ве слушам како мешате вакцини и политика.
Газдите на загарот: Ние сме НАТО земја и нема да преговараме за руски вакцини.
Партиски загар: Па добро, сѐ е политика…
***
До вчера ќе градеа граѓанско општество, денес бранат етничка припадност во лични карти.
Прави измеќари сте значит!
***
„Ова е сатира, Боки е таков каков што е, го знаеме сите во државата“ – рече лидерот на партијата чии функционери имаат повеќе слики со Боки, отколку јас со мајка ми.
***
Како бе може тие што ја критикувале и власта на Грујо и власта на Заев да се пристрасни и платени, а тие што ја критикувале власта на Грујо, па си го сместиле г’зето во администрација и продолжиле да ја критикуваат опозицијата – да се независни и принципиелни.
Глупи сте, или во партија ве тренираат?!
(Од афоризницата на Иљче Затаракоски)