ПА(Р)ЛАМУДЕЊЕ Дамјан Манчевски, коркач со дефицит од предизвици

Откако виде дека неработниците од администрација не може да ги префрли во приватен сектор, тој си замина таму.

4,280

„Дамјан Манчевски се повлекува од политиката.“

Нормално! Откако ја среди и ја дигитализира администрацијата, ги избрка тие што седат дома и земаат плата, нема повеќе предизвици што ќе го туркаат напред.






***

Она кога ти е страв да му се спротивставиш на Артан Груби за рамковни вработувања и за нишај-врата-земај-плата административци, па се повлекуваш од функцијата за да се префрлиш во приватен сектор.

Коркач!

***

Шо ти е прав министер… Откако виде дека неработниците од администрација не може да ги префрли во приватен сектор, тој си замина таму.

Принципиелен на дада Шеќеринска.

***

На Дамјан Манчевски Шеќеринска му била пример за принципиелност и работливост.

Се гледа по тоа што го имаш сработено во последниве 4 години.

 

(ФБ статуси на познатиот охридски мрчатор Иљче Затаракоски)

 

 

Поврзани содржини