ПА(Р)ЛАМУДЕЊЕ Црвенковски бил историја. А бе ќутете, ќе ни го бараат Бугариве и него!
Да не нѐ држеше Југославија разделени од Бугарија, сега „мерси“ ќе викавме.
Кузнајт какви печурки кркал Тито за да може да „измисли“ лудаци како нас.
***
Не е во ред да го славите и да го честитате денот кога нѐ разделија од нашите братя.
Мислам можда е во ред, ама не е европски.
***
Да не нѐ држеше Југославија разделени од Бугарија, сега „мерси“ ќе викавме.
***
Јас никаде не видов некој сите Бугари да ги нарекува фашисти.
Од кај излезе ова и како приказната од негирање на јазикот и историјата се сврти кон „шовинизмот“ на Македонците стварно не ми е јасно.
***
Ќе нѐ убие загадениот воздух пред да докажеме кој бил фашист, а кој антифашист.
***
СДСМ: Црвенковски е историја.
А бе ќутете, ќе ни го бараат Бугариве и него!
***
Како шо денес партиските паразити плукаат по Бранко, а се лижат кај Заев, така еден ќе плукаат по Заев, а ќе се лижат кај некој друг.
Пошо тие така преживуваат, со плукање и лижење.
(Од афоризницата на Иљче Затаракоски, познат охридски мрчатор)