📷 ПА КАКО ТОА ЛАЖЕ И МЕРАЧОТ ШТО ГО ПОСОЧУВА ДАНЕЛА?! Градоначалничката ги демантира извештаите на медиумите дека Скопје е екстремно загадено

За да покаже дека Скопје не е меѓу најзагадените градови во светот, па и дека не е меѓу најзагадените во Македонија, Арсовска се повикува на интернет страницата Quaki. Но овој пат дури и посочената страница од градоначалничката докажува дека амбиенталниот воздух во Скопје е 3 до 4 пати позагаден од дозволеното.

872

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку својата прес-служба повторно ги негира информациите дека воздухот во главниот град е опасно загаден. Оттаму велат дека сите вести кои се пласираат во медиумите ги пишуваат „партиски војници“ и велат дека текстовите се нарачка од „политички кујни“.

За да покаже дека Скопје не е меѓу најзагадените градови во светот, па и дека не е меѓу најзагадените во Македонија, Арсовска се повикува на интернет страницата WAQI. Но овој пат дури и посочената страница од градоначалничката докажува дека амбиенталниот воздух во Скопје е 3 до 4 пати позагаден од дозволеното. Во точно 11:51 минута во населбата Пинтија ПМ10 честичките изнесуваа 349, во Лисиче беше измерено 167.






фото: Принтскрин/waqi.info

 

Еве ја целата реакција од Град Скопје, откако медиумите пренсоа дека Скопје е меѓу најзагадените градови во светот:

„Утрово како и секој друг ден од почетокот на грејната сезона сведоци сме на лажни вести кои во 21 век, во ера на информатичка технологија, кога податоците и вистината се достапни за секого, може да се проверат. Имено, неразбрлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис WAQI кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот. Дополнително и на националните мерни станици се потврдува истото. Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа се Кавадарци, Струмица и Тетово. Во реално време можете да ги следите резултатите од мерењата од сите градови и држави во светот на https://waqi.info/“.

Според официјалната страница на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), највисоко загадување во 12 часот било регистрирано на мерната станица Карпош (186 – ПМ10) и Центар (165).

фото: Принтскрин/air.moepp.gov.mk

 

СКОПЈЕ НА 9. МЕСТО ВО СВЕТОТ СПОРЕД АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО Лахоре најзагаден, втор Сараево

Поврзани содржини