ПАЈАЗИТИ НЕ СМЕЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА БИДЕ СУДИЈА Одговорност за бегството на Блерим Рамадани мора да има, вели Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ
Истиот Пајазит Пајазити е судијата кој не одреде ни притвор ниту за лицата кои упаднаа во контролната кула на скопскиот аеродром. Пајазит Пајазити мора да одговара. Одговорност мора да има. За почеток тој треба да биде разрешен, а потоа против него треба да се отвори постапка, за да објасни како во неговите предмети тешки прекршители на законите поминуваат неказнето, со условна осуда или бегаат, рече Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ на пресконференција од седиштето на партијата.
Пајазит Пајазити не смее да продолжи понатаму да биде судија, одговорност за бегството на Блерим Рамадани мора да има, изјави Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ. На прес-конференција во седиштето на партијата Јаревски денеска рече:
– Пајазит Пајазити мора да објасни зошто го пуштил Блерим Рамадани во куќен притвор, наместо затворски. Истиот знаел дека Рамадани е лице кое може да се даде во бегство и покрај тоа му овозможил шанса за да избега. Пајазит Пајазити е истиот судија кој пресуди условна казна затвор за Иџет Мемети кој призна дека зел поткуп со Наќе Георгиев за да му ја олеснат казната на Боро Марлборо. Внимавајте условна казна за службено лице, заменик претседател на Советот на јавни обвинители, кој требал да спроведува ред, а не да го крши – рече Јаревски и продолжи:
– Истиот Пајазит Пајазити е судијата кој не одреде ни притвор ниту за лицата кои упаднаа во контролната кула на скопскиот аеродром. Пајазит Пајазити мора да одговара. Одговорност мора да има. За почеток тој треба да биде разрешен, а потоа против него треба да се отвори постапка, за да објасни како во неговите предмети тешки прекршители на законите поминуваат неказнето, со условна осуда или бегаат.
Јаревски рече и дека „разбираме зошто СДСМ се премногу вознемирени и исплашени за реформите во судството, затоа што тие први ќе се соочат со одговорност за се што правеле, истана пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција.
– Филипче очигледно се води по матрицата на Заев која кога дојде на власт го зема правосудството под свое па мисли дека така функционираат сите. Еве да му кажеме ако не знаел, ВМРО-ДПМНЕ не планира да го земе правосудството под свое. Туку да го земе од криминалните канџи на СДСМ и ДУИ и да го врати правосудството во рацете на судиите и обвинителите – истакна Јаревски.