„ПАЈАКОТ“ АКТИВЕН ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР За една седмица кренал 124 возила, а уште 100 прекршители добиле „блокатор“
Во акцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје, санкциониранирани се 224 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
Во текот на една недела санкционирани се 224 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот во централното градско подрачје, информираат ЈП Паркинзи на Општина Центар.
„Во периодот од 27.11. до 03.12.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 124 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 100 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците“ – стои во известувањето од ЈП Паркинзи на Општина Центар.