📽 ПАЃАА ДРВЈА, ЛЕТАА ПОКРИВИ, КРАН СЕ СРУШИ ВРЗ ДВЕ ЗГРАДИ Страшно невреме ја зафати Хрватска
Хрватската полиција соопшти дека немало поголеми потешкотии во сообраќајот, но во текот на ноќта се случиле пет сообраќајни незгоди. Едно лице е тешко повредено.
Силно невреме ја зафати Хрватска. Паднати се дрвја, оштетени се покриви од куќи, а и кран се срушил и паднал врз две згради во Пореч.
Хрватската полиција соопшти дека немало поголеми потешкотии во сообраќајот, но во текот на ноќта се случиле пет сообраќајни незгоди. Едно лице е тешко повредено.
Поплавени се Фажана, Ровињ, Врсар, Умаг. Врсар е поплавен, шеталиштето и патот се под вода, а државниот пат ДЦ75 меѓу Новиград и Пореч на мостот Антенал е затворен за секаков сообраќај поради високото ниво на морето.