📽️ НАВРНА ГРАД КАКО ЗРНО ГРАВ Во скопски Аеродром се откачи олук од зграда!
На 112 во 20:30 часот добиена е пријава за откачен олук на бул.АСНОМ бр.12, поради јак ветер кој што претставува опасност и загрозување на безбедноста, во кој што пријавителите во моментот го држат на нивната балконска тараса за да не падне и направи штета.
Граѓаните објавуват снимки од невремето кое вечерва го зафати Скопје, а дојде од западните делови на Македонија. Силниот град со големина на зрно тропа по улиците проследен со силен ветер. Кај Тутунскиот комбинат паднало дрво врз автомобил.
На Единствениот повикувачки број за итни случаи, заради налетите на невремето, се добиени повеќе пријави, а и се уште се добиваат од Тетовско, Скопско и Кумановско за поплавени површини, дворови, подруми, куќи, објекти, паднати дрвја, бандери, столбови,оштетени куќи, откачени лимови, олуци, оштетени покриви, оштетени автомобили и слично, како на пример:
– пријава за поплавена куќа од невремото ви Тетово, Граѓанинот информира дека се обидуват со пумпи да ја испупмуват водата но не се во можност бидејќи има премногу вода.
– известување за лимен кров кој преставува опасност да падне и да направи сериозен проблем на ул. 23 Октомври спроти зграда бр.15 (зелена фасада).
– пријава за поплавено куќа од неверемето на ул.Народна револуција во Куманово.
– пријава за паднато дрво во клучката Радишани према Бутел и ја прекинува собраќајот
Стигна и снимка од невремето во општина Карпош.
На 112 во 20:30 часот добиена е пријава за откачен олук на бул.АСНОМ бр.12, поради јак ветер кој што претставува опасност и загрозување на безбедноста, во кој што пријавителите во моментот го држат на нивната балконска тараса за да не падне и направи штета. За истото РЦУК Скопје контактирал со пријавителите и истите испратиле и видео клип. Исто така РЦУК Скопје ја известил ЕЛС Аеродром.