ЈП „УЛИЦИ И ПАТИШТА“ ИМА НОВ ДИРЕКТОР Борис Настов ќе го наследи разрешениот Горан Симоновски
Борис Настов е дипломиран машински инженер со долгогодишно работно искуство на раководни позиции во Гранит АД Скопје, БАУЕР БГ Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ Скопје и во Министерство за финансии.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска го назначи Борис Настов за в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје, откако претходно од директорската позиција беше разрешен Горан Симоновски, соопштија од Град Скопје.
Оттаму додават дека Борис Настов е дипломиран машински инженер со долгогодишно работно искуство на раководни позиции во Гранит АД Скопје, БАУЕР БГ Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ Скопје и во Министерство за финансии.