ЈП „Лајка“ ќе ја финансираат и општините во Скопје

Планирано е Градот да издвојува 10 милиони денари, а општините по 2 милиони денари годишно.

344

Советниците на Град Скопје денеска треба да олучува дали ќе ги вклучат градските општини во финасирањето на ЈП „Лајка“.

Како што е најавено, општините ќе треба годишно да издвојуваат по 2 милиони денари за да се обезбеди трајно и квалитетно финасирање на претпријатието, а  Градот Скопје ќе учествува со 10 милиони денари.






Планирано е откако ќе се однесе одлуката градоначалникот на Град Скопје и директорот на јавното претпријатие „Лајка“ да склучат договор со општините. Со овој договор треба да се  уредат прашањата за начинот и условите за вршење на заедничката надлежност, начинот на исплата на финансиските средства и други прашања од значење за меѓуопштинската соработка.

На денешната седница Советот на Град Скопје ќе расправа за повеќе програми за работи на Градот Скопје за 2021 година.

 

Поврзани содржини