ЈП „ДРЖАВНИ ПАТИШТА“ ОСТВАРИ ДОБИВКА ОД 51,9 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ТРЕТИОТ КВАРТАЛ ЛАНИ Кој е најголем загубар во јавниот сектор?

Позитивни резултати во третиот квартал лани покажале 12 од вкупно 29 државни јавни претпријатија и акционерски друштва.

331

Повеќе од половината (17) државни јавни претпријатија и акционерски друштва во третиот квартал лани работеле со загуба. Ова го покажуваат податоците од нивните завршни сметки објавени од Министерството за финансии.

Најголем загубар и во овој квартал бил ЕСМ со минус од 22, 2 милиони евра. По него е АД „Железници транспорт“ со загуба од 1,97 милиони евра ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје со загуба од 1,89 милиони евра и МРТВ со загуба од 1,71 милиони евра. Меѓу првите пет загубари е и  ЈП „Железници инфраструктура“ со минус од 1,47 милиони евра.






Покрај нив уште 12 државни акционерски друштва и јавни претпријатија покажале загуба во третиот квартал лани. Меѓу нив се јавните претпријатија „Водостопанство“, „Стрежево“, „Злетовица“, Национална радиодифузија, како и акционерските друштва „Пошта“, „Аеродроми“ и АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката.

Позитивни резултати во третиот квартал лани покажале 12 од вкупно 29 државни јавни претпријатија и акционерски друштва.

Лидер е ЈП за државни патишта со добивка од 51,9 милиони евра, а далеку зад ова претпријатие се добивките на АД за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост (МЕПСО) кое остварило добивка од 5,48 милиони евра.

ЈП Национални шуми е трет на ранг-листата. Во третиот квартал лани остварило добивка од 3,61 милиони евра. По него е АД за воздухопловна навигација, М-НАВ, чија добивка изнесувала 3,13 милиони евра, а петто на ранг-листата е АД Државна Лотарија со регистрирана добивка од 1 милион евра.

Позитивни резултати покажале и АД „Номагас“ – Скопје ЈП „Колекторски систем“ како и Службен весник и МИА.

Во земјава се регистрирани 29 државни јавни претпријатија и акционерски друштва.

Поврзани содржини