Пјаниќ се приклучува на Меси и компанија

Се очекува трансферот да биде официјализиран во текот на денешниот ден.

247

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ, во новата сезона ќе настапува за Барселона. Тој потпиша договор со каталонскиот клуб, објави „Goal“.

Се очекува трансферот да биде официјализиран во текот на денешниот ден.






Во замена за Пјаниќ, Јувентус ќе го добие играчот од средниот ред на Барселона, Артур, кој според италијанските медиуми, потпишал договор со клубот од Торино до 2025 година. Исто така, Каталонците ќе платат 10 милиони евра.

Во сезоната 2019/20, Пјаниќ одигра 36 натпревари за Јувентус, има три гола и четири асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на Босанецот на 52 милиони евра.

Поврзани содржини