ОГРАБУВАЛ ВИКЕНДИЧКИ И ЦРКВИ Крадец оперирал низ Кавадарци и низ Росоман

Полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против О.В., кој се сомничи за девет кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“. Надлежното обвинителство ќе ја продолжи постапката за понатамошно процесуирање на случајот.

134

42-годишниот О.В. од Кавадарци е осомничен дека извршил серија кражби на подрачјето на Кавадарци и Росоман, крадејќи од викенд куќи, семејни домови, верски објекти и еден продажен објект.

Според информациите од полицијата, тој во периодот од септември 2024 до јануари 2025 година најчесто користел сила и подесен алат за да провали и да одземе различни предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 466.000 денари.






„О.В. е лишен од слобода на 16.01.2025 година, а при претрес на домот каде што престојувал, по наредба на Основен суд Кавадарци, пронајдени се и одземени предмети поврзани со извршените кривични дела“, соопштија од ОВР Кавадарци.

Полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против О.В., кој се сомничи за девет кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“. Надлежното обвинителство ќе ја продолжи постапката за понатамошно процесуирање на случајот.

Поврзани содржини