Озонската дупка на Антартикот достигна рекордна големина (ВИДЕО)

Според податоците на Коперникус, концентрациите стратосферски озон паднале на „речиси нулта вредност“ над Антарктикот на надморска височина од 20-25 километри.

691

Службата за надзор на атмосферата на Европската унија „Коперникус објави дека озонската дупка над Антарктикот достигна рекордни размери.

Според податоците на Коперникус, концентрациите стратосферски озон паднале на „речиси нулта вредност“ над Антарктикот на надморска височина од 20-25 километри.






Експертите на Коперникус тврдат дека  причина за ширењето на озонската дупка овој пат бил силен и стабилен поларен вртлог, постојана област на низок притисок, која обично се наоѓа зад работ на големиот глечер Рос, на кој температурите можат да паднат и до минус 80 Целзиусови степени.

Тие ја повикаа меѓународната заедница да преземе поголеми напори за да се гарантира дека државите го почитуваат меѓународниот договор за постепено укинување на употребата на хемикалии што ја уништуваат озонската обвивка, како на пример хлорофлуорокарбонот.

Според нив, оваа озонска дупка без сомнеж е меѓу најголемите во последните 15 години. Истенчувањето на озонската обвивка над антарктичкиот континент првпат беше забележано во 1985 година.

Озонската дупка почнува да се шири секој август – на почетокот на пролетта на Антарктикот – и го достигнува својот врв околу октомври.

Поврзани содржини