Неодамна Џоу Муџи, професор и предавач на Кејси универзитетот во Токио и претседател на институтот за урбанистичко истражување „Клауд Ривер“ (Cloud River Urban Research Institute) објави сеопфатна публикација во која ги претставува своите ставови за улогата на озонот во борбата против настинките, вирусите и бактериите.
И пред еден век, озонот (О3, бледо сино гас со специфичен мирис) се користел за дезинфекција, стерилизација, елиминација на некои мириси и отрови, складирање на производи, белење на ткива, што го прави одличен за употреба во голем сегмент на внатрешна и надворешна нега и заштита. Како силен оксидирачки агенс, оваа супстанција го потиснува преголемиот раст и репродукцијата на микроорганизмите и активно придонесува за одржување на еколошката рамнотежа во организмот, но и во природата, истакнува професор Муџи.
Три најзначајни придобивки од озонот:
– Дезинфекција на простории. Уште во 19 век медицинскиот озон се користел за дезинфекција и стерилизација на операциони сали и простории, пред и постоперативни простори каде имало потреба од беспрекорно чисти услови за одржување на здравјето на луѓето.
– Венско третирање. Сѐ почеста е озонска терапија преку венски третман што овозможува директно антиинфламаторно и антибактериско делување во крвта на лицето со тешка клиничка слика.
– Третман преку капсула. Третман кој се препорачува за секојдневна употреба за заштитување на организмот од сите вируси, бактерии и настинки, со подигнување на имунолошкиот систем кој се добива преку природните антибиотски дејствија на капсулите кои се комбинација на озон и ладно цедено масло. Уште повеќе, само со различна доза се препорачува превентивна, но и третманска терапија од овие озонирани капсули.