Озлогласената уредничка се разведува по 20 години брак, сопругот ја изневерил со поранешната сопруга
Озлогласената уредничка на модното списание „Вог“, Ана Винтур и милионерот Шелби Брајан одлучија да се разведат по 20 години брак, пишува американскиот портал „Пејџ сикс“.
Со месеци се шпекулираше дека моќниот пар ги заладил односите и дека веќе извесно време не се видени заедно во јавноста, а сега е потврдено дека на нивниот брак му дошол крајот.
Официјалната причина не е соопштена, но медиумите пишуваат дека Брајан ѝ се вратил на неговата поранешна сопруга Кетрин Брајан, чиј сопруг, банкар за инвестиции Дејмон Мезакапа, почина во 2015 година.
Брајан ја напушти Кетрин во 1999 година кога започна афера со Ана Винтур.
„Кетрин и Брајан имаат заеднички деца и се само пријатели. Тоа е сè – изјавил извор за „Пејџ сикс”, на прашањето за помирувањето на поранешната брачна двојка.
Винтур беше виден како вечера со британскиот актер Бил Ниги во февруари. Тие се многу блиски пријатели и биле забележани на модни ревии во Лондон и Њујорк.