ВОЗИЛО ИЗЛЕТАЛО КАЈ ПРИЛЕП-ГРАДСКО, ДЕТЕ СЕ БОРИ ЗА ЖИВOT „Поло“ паднало 40 метри надолу во населено место
Автомобил Фолксваген поло со скопски регистарски ознаки во остра кривина во лево изгубил контрола и излетал од патот преку претходно оштетен дел од заштитната ограда, паѓајќи околу 40 метри надолу во населено место, соопшти Обвинителството.
Возрасен човек е тешко повреден, додека 11-годишно дете се бори за живот во Клиничкиот центар во Скопје по тешка несреќа која се случила на експресниот пат Прилеп-Градско. Јавното обвинителство излезе со првични детали за случајот.
„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место на експресниот пат Прилеп-Градско каде попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил Фолксваген поло со скопски регистарски ознаки во остра кривина во лево изгубил контрола и излетал од патот преку претходно оштетен дел од заштитната ограда, паѓајќи околу 40 метри надолу во населено место“, соопшти Обвинителството.
Во несреќата тешко е повреден возачот на автомобилот, како и едно 11-годишно дете кое се наоѓа во критична состојба. И двајцата поради сериозноста на повредите се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје. На уште еден сопатник во автомобилот со полесни повреди му е укажана лекарска помош во велешката болница.
Јавниот обвинител издал наредби за технички преглед на автомобилот, како и за проверка на присуство на алкохол кај возачот. Од лице место се подигнати и биолошки и други траги заради натамошно постапување.