ОЗБИЛНО МИСЛЕВТЕ ДЕКА ЌЕ НЀ УПЛАШИТЕ? Апасиев алармира на полициска хајка против Левица
Неговите сопартијци биле повикувани за обвинувања за сторени кривични дела, без притоа да биде наведено од полицајците, за кое дело се осомничени.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на Фејсбук објави дека поголем број на членови на неговата партија, денеска биле повикувани во полициска станица.
Неговите сопартијци биле повикувани за обвинувања за сторени кривични дела, без притоа да биде наведено од полицајците, за кое дело се осомничени.
„Денес (недела), раководни членови на ЦК на Левица, модератори на локални ограноци и општински советници ширум Македонија се повикувани во полициски станици за наводни сторени кривични дела, без да се наведе за кое дело ги викаат!? А бе, озбилно мислите дека ќе нè уплашите? Изгледа уште не знаете со кого си имате работа“, објави Апасиев на Фејсбук.