ОВОЈ СЕ ОДНЕСУВА ПОЛОШО И ОД БЕН Џенифер Лопез е фотографирана со друг маж

3,978

Во екот на гласините дека Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат, познатата пејачка е фотографирана во автомобил со друг маж, и тоа… со уште попроблематично однесување од нејзиниот сопруг, барем според гримасите што ги прави во јавност.

Лопез била видена како ги остава своите деца на училиште, а автомобилот го управувал непознат маж кој кога ги видел фотографите, го извадил јазикот.






Пејачката ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на својот нов филм, кој во моментот ужива голема гледаност.

– Можеби изгледа како да има многу негативност во светот во моментов… но не дозволувајте гласовите на неколкумина да влијаат да заборавите дека има и многу љубов – рекла неодамна Џенифер, пренесува Мирор.

 

Иако познатата брачна двојка деновиве беше видена на училишна претстава на синот на Бен, медиумите објавија дека пристигнале одвоено.

Поврзани содржини