📷 ОВОЈ ПОТЕГ ЌЕ ЈА ЗБЕСНЕ АНЏЕЛИНА ЏОЛИ! Новите фотографии на Бред Пит и Џорџ Клуни се направени на „местото на злосторството“
Бред Пит се врати на „местото на злосторството“, а со себе го поведе и својот најдобар пријател Џорџ Клуни, а кога Анџелина ќе го види ова, ќе се збесне!
Бред Пит се врати на „местото на злосторството“, а со себе го поведе и својот најдобар пријател Џорџ Клуни, а кога Анџелина ќе го види ова, ќе се збесне!
За потребите на фотосесијата за септемвриското издание на магазинот „ЏејКју“, холивудските фаци одлучија сценографијата да биде винаријата што е дел од имотот во Франција, каде Бред и Анџелина пред 10 години се венчаа. Станува збор за познатиот Шато Миравал, околу кој поранешната двојка долги години се „влече“ на суд.
Inside Angelina Jolie and Brad Pitt’s bitter legal battle over Chateau Miraval winery https://t.co/UL1NS0Zt3G pic.twitter.com/bhmVyNumUy
— Mail+ (@DailyMailUK) June 13, 2023
Според наводите од судењето кои протекоа во јавноста, Анџелина го прекршила договорот и го продала својот удел во винаријата на руски милионер.
И додека процесот сè уште трае, Бред ја однел екипата да снима токму на ова место, а резултатите се, во најмала рака, фантастични! Пит (60) и Клуни (63) позираат во лежерно, но и вистинско шик издание, додека за новиот број на изданието зборуваат за своето пријателство, кариерата и годините. Тие соработуваа и на најновиот филм „Волци“, кој наскоро ќе излезе во кината.
View this post on Instagram
Пред точно 10 години, во август 2014 година, Бред и Анџелина (49) го изговорија судбоносното „да“ на ова место во пространа вила во Коринт, Франција, и ете – во истиот месец тој решава да се врати на истото место и позира со насмевка покажувајќи дека сите откажувања од неговото презиме што го прават во последно време неговите деца, сепак, не го скршило.
Инаку, пријателството на Бред и Џорџ трае со децении. Кога го прашале дали нивното пријателство е вистинско или само медиумско прикажување, Клуни изјави за „ЏејКју“: „Тоа е многу добро прашање. Всушност морав да барам забрана за приоѓање… што не е првпат. Но сфатив дека некако е одвишно“, се пошегувал Клуни.
View this post on Instagram
Накратко, и двајцата беа едногласни за нивното пријателство, а одговорот е – големо да! И истата смисла за хумор е еден од зачините на нивниот однос. Бред оди кај Џорџ за совети за животот, додека тој му праќа селфи од снимањето. Бред за нивното пријателство го рекол следново: „Џорџ ќе разбере нешто што никој долго време нема да го разбере, за што не мора ни да зборуваме. Во тоа има одредена доза на утеха“.
View this post on Instagram