Овој остров беше рај за туристите, а сега е пекол ВИДЕО
Досега на овој остров се потврдени вкупно 170 заразени со ковид-19, но ако се земе предвид дека таму живеат околу 400.000 жители, тоа е најголем процент на заразеност од сите 77 провинции во Тајланд.
Тајланд воведе рестриктивни мерки со цел да се спречи ширењето на опасниот коронавирус на островот Пукет, кој во изминативе неколку недели се претвори во жариште на епидемијата во оваа земја.
Досега на овој остров се потврдени вкупно 170 заразени со ковид-19, но ако се земе предвид дека таму живеат околу 400.000 жители, тоа е најголем процент на заразеност од сите 77 провинции во Тајланд.
Поради тоа, властите ги затворија плажите на неодредено време, а ставија клуч и на рестораните, на баровите, па дури и на продавниците за храна и за пијалаци.