ОВОЈ ЛЕТЕН НАПИТОК Е НАЈДОБРА АЛТЕРНАТИВА ЗА СЛАТКИТЕ СОКОВИ Водата со краставици хидрира и помага за слабеење
Водата со краставица одлично го хидрира организмот, помага да ослабнете, а има и уште многу други здравствени придобивки
Водата со краставица не е ништо ново, таа често се служеше наместо обична вода во подобрите“ ресторани и кафулиња, беше неопходен дел од понудата во спа центрите, а многу луѓе ја пиеја цело лето затоа што добро знаеја колку им помага да се хидрираат и да ја одржат својата тежина.
Овој едноставен пијалак со само две состојки има многу здравствени придобивки, вклучувајќи хидратација, помагање при слабеење, за внес на антиоксиданти, па дури и може да помогне во спречување на рак.
Ве одржува хидрирани
Вашето тело не може правилно да функционира без вода. Се препорачува да пиете шест до осум чаши вода дневно, но тоа понекогаш е невозможно, особено затоа што водата сама по себе брзо станува здодевна. Додавањето краставица ѝ дава дополнителен вкус, охрабрувајќи ве да пиете повеќе и е одлична алтернатива за слатките сокови.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.