Акциониот филм „Жена чудо“ 1984 заработил околу 36,1 милиони долари во киносалите ширум светот за време на божиќниот викенд, објави завчера дистрибутерот „Вoрнер брос“, кој исто така ги потврди плановите за трет филм во таа суперхеројска франшиза.
Се проценува дека од 36,1 милиони долари, 16,7 милиони дошле од киносалите во САД и Канада, соопштија студијата во сопственост на корпорацијата АТ & Т.
Тоа е најголемата заработувачка во кино салите во САД од првото затворање на почетокот на пандемијата на ковид-19 во март, но бројките се само дел од вообичаената заработка на почеток на високобуџетната дистрибуција на филмови под нормални околности.
Филмот го гледале и милиони луѓе во своите домови во САД бидејќи бил достапен преку HBO Max WarnerMedia, се вели во соопштението на компанијата.
Во петокот, бројот на часови на гледање на HBO Max се зголемил за три пати во споредба со обичен ден минатиот месец, додаваат тие во соопштението.
Ворнер Брос. соопшти дека ќе го забрза развојот на третиот филм Wonder Woman, исто така напишан и режиран од Пети Џенкинс, во кој што Гал Гадот игра жена-воин која се бори со ласо.