Овие земји се меѓу најпогодените како резултат на падот на туризмот

Ковид-19 ги ​​стопираше долгогодишните позитивни трендови во светскиот туризам, предизвикувајќи сериозни економски реперкусии низ целиот свет.

656

Светскиот туризам би можел да загуби над 1.200 милијарди американски долари или 1,5 проценти од глобалниот БДП по скоро четири месеци прекин како резултат на коронавирусoт, а меѓу 15-те земји чиј БДП би можел да „претрпи“ најмногу заради загубите во туризмот е Хрватска која е трета, според новиот извештај на „УНКТАД“.

Според извештајот на главниот орган на Генералното собрание на ОН кое се занимава со трговија, инвестиции и развој, Јамајка, Тајланд и Хрватска се првите три држави меѓу 15 најпогодени, а следуваат Кенија, Мароко, Грција, Маурициус, Сенегал, Ирска, Египет, Јужна Африка, Малезија и Шпанија.






Анализирајќи го влијанието на загубите во туризмот врз учеството на таа гранка во националниот БДП, „УНКТАД“ проценува дека Јамајка и Тајланд може да претрпат најголеми загуби, од 11, односно девет проценти. Во Хрватска, таа загуба, според нивните, како што велат, умерените проценки, би можела да биде осум проценти, по што следат Португалија со загуба од шест проценти и Доминиканската Република со пет проценти.

– Ковид-19 ги ​​стопираше долгогодишните позитивни трендови во светскиот туризам, предизвикувајќи сериозни економски реперкусии низ целиот свет. Колапс во туризмот значи и колапс на нивните развојни можности – предупреди директорот на меѓународната трговија на УНКТАД, Памела Кук-Хамилтон во извештајот.

„УНКТАД“ предупредува дека туристичкиот сектор во многу богати земји, исто така, ќе чувствува притисок . При тоа ги споменуваат популарните европски и северноамерикански дестинации, вклучувајќи ги Франција, Италија и САД, за кои, исто така, се предвидува дека ќе изгубат милијарди долари како резултат на драматичниот пад на меѓународниот туризам.

Хрватска, Тајланд и Јамајка, се издвоени и поради можното брзо намалување на платите на квалификуваните работници, при што, во оптимистично сценарио, платите ќе се намалат од 9 до 12 отсто.

– Владите треба да им помогнат на туристичките бизниси кои се соочуваат со ризик од банкрот, како што се хотелите, авиокомпаниите и други, а еден начин на финансиско олеснување е заемите или грантовите со ниски каматни стапки – се вели во извештајот на „УНКТАД“.

Поврзани содржини