ОВИЕ ПРЕДВИДУВАЊА НА „ЛУДИОТ ПРОРОК“ СЕ ОСТВАРИЈА 8 изуми за кои зборувал Тесла се дел од нашето секојдневие
Со помош на телевизија и телефон ќе можеме совршено да се гледаме и слушаме, без разлика на оддалеченоста, која може да биде и неколку илјади километри, а инструментите кои ќе ни овозможат да го направиме тоа ќе бидете многу едноставни во споредба со денешните телефони. Луѓето ќе го носат ваквиот телефон во џебовите, изјавил Тесла во едно интервју од 1926 година.
Големиот меѓу најголемите, српскиот пронаоѓач Никола Тесла(1856-1943) имал патентирано речиси 700 изуми во патентното биро во САД, земјата каде го поминал поголемиот дел од животот. Но, 8 од овие пронајдоци се причината зошто Тесла можеме да го наречеме луд пророк кој ја превиде иднината.
1. Паметни телефони
Тесла замислил безжичен уред кој ќе поддржува и телефонска технологија и ќе работи преку мрежа како Интернет. Во едно интервју го опишал уредот, а описот звучи исто како паметен телефон:
„Кога безжичната технологија ќе се прошири, целата Земја ќе се претвори во еден „голем мозок“. Ќе можеме да комуницираме кога сакаме, без разлика на оддалеченоста. И не само тоа, туку со помош на телевизија и телефон ќе можеме совршено да се гледаме и слушаме, без разлика на оддалеченоста, која може да биде и неколку илјади километри, а инструментите кои ќе ни овозможат да го направиме тоа ќе бидете многу едноставни во споредба со денешните телефони. Луѓето ќе го носат ваквиот телефон во џебовите – изјави Никола Тесла.
2. Ви-Фи интернет
Познато е дека Тесла бил голем поборник за безжичната технологија, на која работеше многу, иако често наидуваше на недоразбирање и отпор од научната заедница.
– Кога безжичниот пренос на електрична енергија ќе стане комерцијален, целосно ќе се смени начинот на транспорт и начинот на пренос на информации. На крајот на краиштата, веќе сме сведоци на пренос на слики на пократки растојанија. Пред 30 години не верувавме дека е можно такво нешто. Во иднина, самите принципи нема да се променат, само технологијата дополнително ќе се развива – изјавил Тесла уште во 1926 година во едно од интервјуата.
3. Електрични автомобили
Да, токму тој сфатил што ќе се случи со компанијата за автомобили која сега го носи неговото име. Илон Маск, сопственикот на „Тесла“ по 118 години ги претвори предвидувањата на Тесла во реалност.
Претходно, во 1930 година, Никола Тесла конструирал мистериозен автомобил кој работи со помош на антена и две чудни метални прачки кои излегувале од „енергетскиот приемник“ поставен под контролната табла. Оригиналниот бензински мотор на автомобилот бил заменет со кружен, целосно затворен електричен мотор.
Автомобилот бил тестиран една недела и без напор достигна брзина до 144 км/час. Автомобилот не испуштал издувни гасови, но по еднонеделно тестирање, мистериозниот „приемник“ бил отстранет и електричниот мотор бил заменет со оригиналниот бензински мотор.
Гласините велат дека нарачател на експериментот е познатата енергетска компанија „Вестингхаус“ од тоа време. Исто така, се зборува дека Тесла имал продадено свој патент за генератор – инвертер на компанијата.
4. Безжичен пренос на енергија
Безжичниот пренос на електрична енергија во светот, за жал, сè уште е неостварен сон, но доколку Никола Тесла живееше во 21 век, тоа веќе ќе беше остварено. За да докаже дека овој концепт не е само утопија, Тесла започна со изградба на она што денес се нарекува Кулата Варденклиф.
Тесла верувал дека преку кулата безжично може да се пренесат неограничени количини електрична енергија на кое било место на планетата, без употреба на класични преносни средства како бакарни кабли, но до денес не е официјално докажано дека е возможен таков пренос на електрична енергија.

5. Дронови
Тесла тврдел дека „воздушните бродови на електричен погон ќе превезуваат патници од Њујорк до Лондон за три часа“, патувајќи 13 километри над Земјата. Тој исто така тврдел дека овие бродови ќе црпат енергија од атмосферата и дека никогаш нема да имаат потреба од полнење гориво.
– Воздушните бродови ќе бидат без пилоти и ќе се користат за транспорт на патници до одредени дестинации или за далечински контролирани воздушни напади – предвидел Тесла во едно свое интервју.
Многумина веруваат дека денешните дронови се базирани на оваа технологија.
6. Жените и моќта
Друга работа што Тесла ја предвидел во истото интервју е дека мажите ќе станат инфериорни во однос на жените.
– Оваа борба за родова еднаквост ќе заврши со нов поредок во кој жените ќе бидат супериорни. Оваа еднаквост, а подоцна и супериорност, нема да се постигне преку плитка физичка имитација, туку преку будење на женскиот интелект – изјавил Тесла во една прилика.
7. Летечки возила
Во 1911 година, во интервју за „Њујорк Хералд“, легендарниот пронаоѓач открил дека работи на авион којшто без крила ќе ѝ пркоси на гравитацијата.
– Мојата машина нема да има ниту крила, ниту пропелери. Кога ќе го видите на земја, нема ни да погодите дека се работи за авион. Сепак, ќе лета со брзина која досега не била постигната и ќе биде многу безбеден. Исто така, ќе може долго да лебди на своето место и покрај силен ветер – изјавил Тесла.
Летечката машина на Тесла требало да се напојува со слободна енергија, за разлика од другите авиони кои ја црпат енергијата од нафта. Овој негов изум ја имал истата судбина како и неговиот проект за бесплатна електрична енергија.
Во едно од интервјуа Тесла прорекол:
– Го предвидувам развојот на летечката машина како продолжение на автомобилот и очекувам г-дин (Хенри) Форд да даде голем придонес во таа област. Ќе се реши проблемот со паркиraњето и изградбата на долги патишта.
8. Магнетна резонанца (МРИ)
Во 1900 година Никола Тесла пиоувал за врската помеѓу телото и електромагнетизмот. Половина век подоцна било утврдено дека телото создава и пренесува електромагнетни бранови, а 75 години потоа бил создаден целосно неинвазивен уред за магнетна резонанца преку кој со скенирање на телото, болестите може да се откријат во рана фаза и со тоа да се продолжи човечкиот живот.
Во далечната 1896 година, Тесла го направил првиот рендген, кој во тоа време бил наречен „Рентген“, буквално правејќи нешто што се нарекува дијагностика на телото. Своите наоди му ги доставил на Вилхелм Рентген, кој продолжил да ги усовршува додека не бидат употребливи, а писмото во кое Рентген му се заблагодарува на Тесла датира од 1901 година, што е клучен доказ за нивната соработка.
Вилхелм Рентген денес се смета за пронаоѓачот на рентгенот.