Овие пет земји се бунтуваат на мерката за носење маски

На улиците на Стокхолм, преку Копенхаген, Осло или Хелсинки, дури и во супермаркети, канцелариите, јавниот превоз, тешко е да се видат луѓе со заштитни маски, а нив ги носат многу мал број, честопати и туристите.

1,674

Дури и скептичниот Доналд Трамп стави маска, ширум светот прифатена како заштитна алатка против ширењето на ковид-19 на која сè уште се спротивставуваат властите на Шведска, Данска, Норвешка, Исланд и Финска, нордиските земји со нешто повеќе од 25 милиони жители.

На улиците на Стокхолм, преку Копенхаген, Осло или Хелсинки, дури и во супермаркети, канцелариите, јавниот превоз, тешко е да се видат луѓе со заштитни маски, а нив ги носат многу мал број, честопати и туристите.






Според неодамнешното истражување само 5 до 10 проценти од испитаниците во нордиските земји изјавиле дека носат маска на јавни места, а тој број не е променет од почетокот на пандемијата во март.

Во исто време, во дваесет други земји опфатени со истражувањето, од Индија до Соединетите држави, бројот на корисници на маски се зголеми над 70, дури и 80 проценти.

– Ако владата не каже јасно, „ве советуваме да носите маска“, никој нема да го стори тоа – вели 21-годишниот студент Камил Форнароли, шокиран што толку малку луѓе во Стокхолм носат маска, дури и во метрото.

Пензионирката Бригита Ведел (63) смета дека „добро е ако шведските власти советуваа да носат маска, барем во јавениот превоз“, но потоа додаде „нема да ја ставам на себе, чекам надлежните да донесат официјална одлука“.

– Одговорни се Швеѓаните. Ние ги следиме упатствата на нашата влада и ако ни кажат дека не ни требаат маски, нема да ги носиме – тврди Мартин Споронг (50), бизнисмен.

Шведска избра пообилен пристап во борбата против пандемијата на коронавирусот, поради што нејзините соседи се скептични затоа што Шведска имаше повеќе од 80.000 заразени и 5.700 починати. Иако тие се разликуваат во нивниот пристап кон третман во однос на Шведска, нордиските земји се уникатни во носењето маска. Сепак, ваквиот став е ставен под знак прашалник во последниве денови.

– Освен Шведска, во овие (нордиски) земји имало многу малку случаи. Затоа, не ги осудувам, сè додека има разумно одржување на физичката оддалеченост и се додека правилно се бараат контактите на заразените. Но, сепак би било добро да го носиме – вели К.К. Ченг, епидемиолог во Институтот за здравство во Бирмингем.

На прашањето дали размислува за промена на упатствата за населението, водечкиот шведски епидемиолог Андерс Тегнел одговори дека тој сè уште чека „некаков вид докази дека маските се ефикасни“.

На таа изјава Ченг не може да помогне, освен да се чуди.

– Апсолутно погрешно, тоа е неразумно и тврдоглаво. Ако оние што мислат како него, не се во право, мора да знаат дека тоа се човечки животи. И ако грешам, како може да носењето маска да биде штетно?, прашува тој.

Во Данска, здравствените власти срамежливо препорачуваат носење маска на почетокот на јули без мислење на Светската здравствена организација (СЗО). Но, препораката се однесува на многу ограничен број случаи, пред се кога се тестираат во болници или во јавен превоз, при враќање од ризичните зони.

– Во моментов маската нема никаква смисла – рече во вторникот директорот на данската здравствена администрација, Сорен Бростром.

– Но, на долг рок, дали може да биде корисно во јавниот превоз или на друго место? Секако, тоа треба да се процени – рече тој за данската телевизија „ДР“.

Еднакво мислење преовладува во Норвешка и Финска – во принцип, маските не се задолжителниво тие земји.

– Засега, имаме среќа … Но, можеби ќе треба да очекуваме да ги носиме во иднина ако се зголеми бројот на инфекции – вели доктор Аре Стувик Берг од норвешката јавна здравствена установа.

– Ова прашање би можело да се наметне во есен кога сите ќе се вратат од одмор – вели Мика Салминен, фински офицер за јавно здравје.

Поврзани содржини