Ако јадете доцна навечер, то може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Премногу солената храна може да предизвика проблеми со бубрезите и срцето, а воедно е и една од најчестите причини за смрт поврзани со исхраната.
Не ги миете рацете доволно или правилно? Поради тоа сте повеќе подложни на бактерии и вируси, а правилната хигиена на рацете би го намалила бројот на смртни случаи предизвикани од болести кои се развиваат од бактериите пренесени со валканите раце.
Не користите забен конец? Веднаш вклучете го во секојдневната навика, бидејќи на тој начин го намалувате бројот на бактерии во устата, а воспалението на непцата може да предизвика здравствени проблеми кои можат да го скратат животот.
Ако ги гризете ноктите, тоа е навика која не само што естетски е одбивна, туку е и ризична за здравјето. На овој начин, можете да пренесете бактерии од групата на стрептококи или стафилококи. Бактериите можат да влезат во крвта и да предизвикаат сепса.
Не можете да одолеете на стискањето на мозолче? Не правете го тоа, бидејќи на тој начин ќе оставите отворен простор за бактериите кои можат на вашата кожа, но и во телото, да направат уште поголеми проблеми.