ОВИЕ МУ СЕ БЛИСКИ НА МИЦКОСКИ КОЛКУ ИЛОН МАСК НА КОВАЧЕВСКИ! Одговор од ВМРО-ДПМНЕ за фотографијата со уапсен дилер
Единствената фабрика за марихуана која ВМРО-ДПМНЕ ја знае, а која што истовремено и на јавноста и е позната, се оние фабрики кои растат во струмичкото поле и кои се во сопственост на фамилијата која ја поседува СДС – се вели во реакциајта на ВМРО-ДПМНЕ.
Посочените лица се блиски соработници на претседателот Христијан Мицкоски колку што на Димитар Ковачевски му е близок соработник Илон Маск, одговори ВМРО-ДПМНЕ со соопштение на прозивките на СДСМ дека лидерот на оваа партија е фотографиран во ресторан во друштво на дилер на коакаин од Грчец, уапсен од полицијата.
„Но, шегата на страна, во присуство на сериозни афери за убиени деца, за милионски тендери и криминал на сите страни, СДС одбира да ја забавува јавноста со фотографии кои не само што не докажуваат ништо, туку и се редат во намерен контекст, се измислува некаква близина само со цел да се води црна кампања за покривање на сите нивни неуспеси и афери.
Ако имало било што незаконски во фотографијата во која има некое си лице, убедени сме дека Спасовски ќе го решеше однапред и едвај чека да најде нешто сомнително, но реалноста е дека ниту има такво нешто, туку се прави театар за јавноста да се покријат сопствените слабости.
Единствената фабрика за марихуана која ВМРО-ДПМНЕ ја знае, а која што истовремено и на јавноста и е позната, се оние фабрики кои растат во струмичкото поле и кои се во сопственост на фамилијата која ја поседува СДС.
Кампањата за тоа кој со кого се сретнал може да ја започнеме со нарко кланот од Грчец , турскиот мафијаш Седат Пекер, кој иако претходно протеран од државата доби македонски пасош со лажен идентитет во македонска полициска станица“ – се наведува во соопштението н а ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска одржа прес конференција на која рече дека „набргу по скандалот со фатениот соработник на Мицкоски од Пештани со кокаин, веќе пукнал нов скандал“.
– Погледнете ја оваа фотографија. Христијан Мицкоски седи на иста маса со лице од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога, во полициска акција со која е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога. Акцијата на полицијата е од 3. декември, а токму со возилото на лицето од Грчец со кое седи Мицкоски на иста маса била превезувана дрогата вредна 120.000 евра. Што бара Мицкоски на иста маса со лица од подземјето – праша Кузеска.