„ОВИЕ КОЦКИ МОЖАТ ДА УБИЈАТ ЧОВЕК!“ Стојанче Ангелов алармира на опасност која надвиснува од мост во Визбегово (ВИДЕО)

Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции, но и медиумите и граѓаните да се актуелизира отстранувањето на опасноста од мостот – рече Ангелов.

756

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов предупреди на опасност на мостот во Визбегово, Скопско, каде големи камени коцки, што тешките возила ги вадат и ги истуркуваат од патот, се наоѓаат до самите рабовите на мостот, од каде лесно може да паднат и сериозно да го загрозат животот на граѓаните што возат или поминуваат под мостот.

На 12 ноември лани Ангелов директно од мостот ги повика јавно надлежните да преземат мерки за отстранување на опасноста од големите парчиња бетон што висеа над коловозот и за нестабилноста на мостот надвозник кај Визбегово, Скопско, како и парчиња бетон што висат од него.






– Разграничувањето на надлежностите на Град Скопје и Општина Бутел се преклопуваат и можеби не беа јасни до крај, но Град Скопје преку ЈП „Улица и патишта“, сепак постави заштитна ограда, после повеќето пратени документи и укажувања до надлежните институции. Но сега се појавува опасност од коцките камен што опасно се вадат од патот и од мост, па се тркалаат до рабовите на мостот. Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции, но и медиумите и граѓаните да се актуелизира отстранувањето на опасноста од овој мост, за институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112. Едноставно кажано, безбедноста на граѓаните е секогаш на прво место – вели Ангелов.

 

Поврзани содржини